Македонија

Учениците се враќаат на настава на 20 јануари – надлежните со апел да нема отсуства

Министерката министерката за образование и наука апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

Дефинитивно нема да има пролонгирање на учебната година поради вирусите и грипот. Нема пречки за почеток на второто полугодие од учебната година во сите основни и средни училишта низ земјава, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговарајќи на новинарско прашање дали со оглед на состојбата со грипот може да има одлагање на почетокот на наставниот процес.

  • „Учебната година во сите училишта на територијата на државата почнува на 20 јануари. Вчера имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема пречки да стартува второто полугодие од оваа учебна година“, рече министерката.

Министерката апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

  • „Апелирам до родителите да престанат со праксата да им ги оправдуваат часовите на децата и да користат одмори по прифатливи за време на учебната година. Децата треба да се од првиот до последниот ден на училиште, освен кога државата, поради некаква поголема сила, ќе одлучи дека тоа не треба да биде така“, вели таа.

Од Институтот за јавно здравје соопштија дека иако во земјава расте бројот на заболени од грип, сепак на национално ниво вирусот има средна активност, што засега не дава можност да се даваат или да се воведуваат дополнителни мерки како, на пример, продолжување на зимскиот распуст.

Од почетокот на октомври до 11 јануари има 6 147 заболени од грип. Во земјава доминира грип од типот АХ3. Најголем број на заболени од грип има во Скопје, а потоа следуваат Тетово, Куманово и Охрид. Само во Берово, Делчево и Пехчево нема регистрирани случаи на грип.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top