Македонија

Премиерот не е шокиран од ,,мафијашкиот упад” на СДСМ кон Жан Митрев, да се провери дали и Пендаровски има одговорност

Ќе чека да види дали Обвинителството ќе постапува по допрен глас

Премиерот Христијан Мицкоски не е шокиран од ,,мафијашкиот упад” на СДСМ кон Жан Митрев.

 

Тој би сакал да се провери дали и Пендаровски има одговорност за носењето на одлуки со законска сила кои на владата на СДСМ и ДУИ и даваа сила да прават незаконски дејствија.

 

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на кардиотхирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев сакале да му ја преземат приватната клиника.

 

Мицкоски оцени дека таквите „мафијашки упади“ се случувале токму во периодот на вонредната состојба и побара Обвинителството да постапи по допрен глас.

 

,,Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила се надсинхронизираа законите и Уставот”, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за коментар сведоштвото на Митрев дека Заев и Филипче со закани и со уцени сакале да му ја преземат клиниката „Жан Митрев“.

 

Тој посочи дека нема дополнителен коментар, но очекува Обвинителството да се произнесе.

 

 

,,Немам што да коментирам, претпоставувам би требало Обвинителството по допрен глас да коментира. Но, тоа мене не ме изненадува”, рече Мицкоски.

 

Премиерот додаде дека има повеќе сведоштва за однесувањето на тогашната влада во периодот на вонредната состојба и укажа на уредбите со законска сила што ги носеше тогашниот претседател Стево Пендаровски.

 

,,Сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието да се произнесе што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател и пред законите и пред Уставот”, рече Мицкоски.

 

Според него, постојат основани сомневања дека дел од тие одлуки биле спротивни на Уставот и законите.

 

,,Ќе чекам да видам дали Обвинителството ќе постапува по допрен глас – истото што го чекаат сите граѓани во Македонија”,  додаде тој.

 

Пендаровски одговори веднаш

 

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

To top