Свет

Орбан: Со Европа управува „германската воена тројка“ Лаен-Мерц-Вебер!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „предводена од германската воена тројка“, мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, јавуваат унгарските медиуми.

Зборувајќи на настан на партијата Фидес во главниот град Будимпешта, Орбан вчера ги обвини германските лидери дека се „најголеми поттикнувачи на војна“, пренесува Индекс. ху.

– Европа сега ја води германска воена тројка: претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е Германка. Германскиот канцелар Фридрих Мерц, очигледно. И лидерот на најголемата фракција во Европскиот парламент, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, исто така е Германец, рече унгарскиот премиер Орбан.

Тој додаде дека Унгарците „изгубиле две војни“, осврнувајќи се на Првата и Втората светска војна.

– Едвај преживеавме, едвај издржавме, мислам дека не би можеле да издржиме по третпат. Не треба да ризикуваме третаа, рече Орбан.

Најнови вести од: Свет

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот

„Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени услови, вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, соопшти норвешката војска

Лаен: САД ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, но ние ќе им одговориме непоколебливо!

Осврнувајќи се на случувањата околу Гренланд претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека ЕУ ги смета Американците не само за сојузници, туку и за пријатели, дополнувајќи дека „но тие ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, од која корист би имале само противниците на Унијата и САД“. – Затоа, нашиот одговор ќе биде непоколеблив, обединет и соодветен. Мора стратешки да пристапуваме кон ова прашање. Затоа работиме на пакет за поддршка на безбедноста на Арктикот, рече Лаен.

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Гренланд и порача: Нема враќање назад!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

To top