Македонија

Бојан Маричиќ е предложен од СДСМ за претседател на Државната изборна комисија

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати.

Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

-Во согласност со член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог-листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК – рече претседателот на Комисијата за за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи тројцата членови – Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово. СДСМ за претседател на ДИК го предложи Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, а за член Борис Кондарко, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје. 

ДУИ за член на ДИК ја предложи Дитмире Шеху, дипломиран правник од Гостивар. Движењето Беса, која е дел од коалицијата „Вреди“, за потпретседател на ДИК го предложи Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки финансии од село Непроштено – Теарце.

Други пријавени кандидати за новиот состав беа Викторија Аврамовска-Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле – Гостивар, Марија Митановска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје, Елита Шуки, дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје, Добре Јанчев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Бети Ѓорѓиеска, дипломиран инженер по електротехника од Скопје, Ивана Костадиноска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Благоја Гешоски, дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп.

Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top