Македонија

„Алмакос“: Албанците во Македонија се „дават“ во политички партии, а не во базени – иронија и шеги во јавноста по претставувањето на новата албанска партија во Скопје!

Албанците во Македонија имаат повеќе партии отколку базени

„Во Скопје е основана нова албанска политичка партија, додавајќи уште едно име на долгата листа на политички субјекти што ги претставуваат Албанците во Македонија. Сепак, наместо ентузијазам, веста е дочекана со бран иронија и шеги на општествените медиуми и меѓу граѓаните.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ во својата информација со наслов „Албанците во Република Македонија се „дават“’ во политички партии, а не во базени – иронија и шеги во јавноста по претставувањето на новата албанска партија во Скопје!“.

Натаму порталот пишува: Едно прашање, кое кружеше низ интернет-анкетите привлече големо влијание: „Дали е подобро да се отворат базени во населените места со Албанци, или политички партии и движења?“ Коментарите се солени: „Ако отворавме базени со иста брзина како што отворавме партии, денес ќе се капевме во свежина, а не во пот!“ – пишува граѓанин на фејсбук.

Според некои аналитичари, големиот број на албански партии не донесе позначително подобрување во секојдневниот живот на граѓаните: основната инфраструктура, како што се јавните базени или младинските центри,  продолжува да недостасува во многу населени места, каде што живеат Албанци. Граѓаните, уморни од политички ветувања и желни за вистинска свежина, на шега (а можеби и сериозно) бараат новите иницијативи да бидат ориентирани кон спорт и рекреација, а не само кон претстојните избори.

Во оваа политичка и климатска жештина едно е сигурно: Албанците во Македонија имаат повеќе партии отколку базени – и тоа сè повеќе се гледа во нивната пот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top