Македонија

Собранието ќе даде „виза“ за старт на системот „Безбеден град

По усвојувањето на измените на Законот за прекршоците, системот „Сејф сити“ ќе профункционира во Скопје, Куманово и во Тетово, како и на одредени делници од автопатиштата на Коридор 8 и на Коридор 10, а до крајот на годината во целата земја

Измените на Законот за прекршоците, последен од пакетот закони што се потребни за да почне да се применува системот Сејф сити, денеска треба да бидат Собранието на Македонија.

За изгласување на овие законски измени е потребно двотретинско мнозинство од пратениците во Собранието. До скоро немаше согласност од 81 пратеник, затоа што опозициската ДУИ од политички причини не даваше согласност за усвојувањето, но, по лидерската средба што се одржа минатата недела на иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, оваа партија се согласи да ги поддржи законските измени.

За овој закон, чија цел е да се подобри безбедноста во сообраќајот, според најавите, ќе гласаат сите пратенички групи – на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, како и на опозициските Левица и ДУИ, освен на СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче завчера рече дека партијата нема да го поддржи законот затоа што тој парцијално ќе се имплементира и во него „не се регулирани сериозни аспекти, односно огромната база на податоци за којашто никој во законот не укажува како ќе се контролира“. Координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски вчера потврди дека денеска ниту еден пратеник на СДСМ нема да гласа за законските измени.

По усвојувањето на измените, системот „Сејф сити“ ќе профункционира во трите града каде што се инсталирани камерите за регистрирање на прекршоците, во Скопје, Куманово и во Тетово, како и на одредени делници од автопатиштата на Коридор 8 и на Коридор 10, каде што во изминатиов период камерите работеа пробно, а возачите добиваа опомени.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на оваа година системот ќе биде воведен на целата територија на државата.

„…Системот веќе покажува континуирана тенденција на намалување на регистрираните прекршувања, што укажува на тоа дека граѓаните се прилагодуваат и дека предупредувањата имаат ефект врз подигнување на нивото на сообраќајна дисциплина. Превидено е од 1.02.2026 година системот целосно да функционира и да се почне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top