Свет

Страшна експлозија во Рим, десетици повредени

Луѓе бегаа во паника

овеќе лица се повредени, а жителите биле принудени да побегнат по утринската експлозија на бензинска пумпа во Рим. Снимките од местото на настанот прикажуваат огромна портокалова огнена топка и столб од темносив чад што се издига над зградите.

Според италијанските медиуми, најмалку 21 лице е повредено, меѓу нив и полицајци, пожарникари и медицински персонал, а екипите за гаснење пожар и понатаму работат на терен. Жители за весникот „Corriere della Sera“ изјавиле дека при експлозијата – која ги затресла околните згради – „парчиња стакло и железо летале на сите страни“.

Сведоштва, објавени на социјалните мрежи, што ги пренесува италијанскиот печат, наведуваат дека прво избил пожар, а потоа околу 8:18 часот по локално време се случиле две експлозии во краток временски интервал, од кои втората била посилна.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони разговарала со градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, за инцидентот. Експлозијата се случила во населбата Пренестино, на југоистокот од Рим, во близина на детска градинка и спортски клуб. Полицијата и натаму го проверува подрачјето за да утврди дали има дополнителна штета.

На снимките се гледаат разфрлани остатоци на спортското игралиште и ограда што била свиткана од ударниот бран. Италијанската пожарна служба соопшти дека 10 тимови работат на гаснење на пожарот.

Големата експлозија на резервоари со нафта, дизел и течен нафтен гас (ТНГ) се слушнала низ цела италијанска престолнина.

„Работиме на експлозијата на резервоарот… Огнот сè уште гори“, соопштија пожарникарите, додавајќи дека еден нивен колега бил хоспитализиран.

Најнови вести од: Свет

Проектот „Ноќни музеи“ повторно ги отвора вратите на културното наследство на Турција по зајдисонце

Проектот овозможува да се доживее античкиот свет под ѕвезденото небо на Турција и ги вклучува античките градови Ефес, еден од најдобро зачуваните римски градови во светот; Хиераполис, именуван по Хиера, сопругата на легендарниот основач на Пергамон; потоа Телеф, со својот осветлен театар, улици и травертински формации; како и добро зачуваниот Храм на Аполон во Дидима

Гнев во Израел. „Опасно е да се биде непријател на Америка, но фатално е да се биде нејзин пријател“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сè уште јавно не се изјасникза за договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, но реакциите на провладините коментатори откриваат растечко незадоволство и фрустрација кон Вашингтон и администрацијата на Доналд Трамп

To top