Свет

Потона брод – загинаа 50 мигранти во Средоземното море

Луѓето го напуштиле Тунис и поминале 24 часа во вода пред бродот да потоне

Околу 50 мигранти загинаа откако нивниот брод потона во централниот дел на Средоземно море. Веста ја објави доцна синоќа весникот „Тајмс оф Малта“, јавува агенцијата Анадолија.

Вооружените сили на Малта потврдија за малтешки весник дека еден маж бил спасен од товарен брод покрај брегот на Тунис во петокот. По спасувањето, тој бил префрлен во Малта на медицински третман. Настанот го потврди и Alarm Phone, независна група за поддршка на мигранти кои го преминуваат Средоземното Море.

„Властите потврдуваат дека еден преживеан е спасен на Малта. Според него, 50 луѓе не преживеале. Луѓето го напуштиле Тунис и поминале 24 часа во вода“.објавија ти наа социјалната мрежа X.

Минатата недела, „Alarm Phone“ објави дека околу 150 луѓе се водат како исчезнати во Средоземното море, кои отпловиле од Тунис со најмалку три брода. Сè уште не е потврдено дали бродот кој потона бил еден од трите.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top