Македонија

МВР: Патничкиот сообраќај ќе се одвива нормално на граничните премини

Ќе се обезбеди непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини во државата најавен е за денеска од 12.00 часот, поради јавен протест организиран од асоцијацијата „Макам-транс“, нема да го попречи нормалното одвивање на патничкиот сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини  – Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, при што ќе бидат затворени само коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај..

Според најавата на организаторот, протестот е предвидено да трае до 7 дена, со можност да биде прекинат и порано, доколку во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран.

Од МВР посочуваат дека ќе преземат соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир и за обезбедување безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки.

МВР апелира граѓаните и превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, да ја следат официјалната комуникација и, доколку е потребно, да користат алтернативни гранични премини

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top