Македонија

Аларм: Ако отворите сомнителна СМС порака – ограбени сте

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни СМС пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски […]

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни СМС пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи.

Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно:

• Не отворајте линкови од сомнителни испраќачи;
• Не внесувајте лични податоци на непроверени страници;
• Не одговарајте на вакви пораки;
• Пријавете го случајот во најблиската полициска станица;
• Блокирајте го бројот на испраќачот.

  • Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами, соопштија од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top