Свет

Обвинение против градоначалникот на Будимпешта Карачоњ, оти дозволил одржување на „Парада на гордоста“

Унгарските обвинители поднесоа обвинение против либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, поради неговата улога во организирањето на собир за правата на ЛГБТК+ заедницата, барајќи изрекување парична казна без одржување судење, соопшти денеска Обвинителството. „Од горд осомничен станав горд обвинет. Очигледно, тоа е цената што мора да се плати во оваа земја кога се залагаме за сопствената слобода и слободата на другите“, напиша Карачоњ на својата официјална фејсбук-профил.

Десетици илјади луѓе маршираа низ Будимпешта минатиот јуни, и покрај полициската забрана, со што Парадата на гордоста прерасна во една од најголемите антивладини демонстрации во последните неколку години против Владата на премиерот Виктор Орбан. Обвинителството наведува дека Карачоњ го прекршил законот со организирање и водење на забранет јавен собир.

„Окружното Обвинителство предложи Судот да изрече парична казна против обвинетиот преку казнен налог, без одржување судење“, се наведува во соопштението.

Карачоњ се обиде да ја заобиколи забраната така што Парадата на гордоста ја регистрираше како општински настан, за кој, според него, не била потребна дозвола. Сепак, полицијата го забрани настанот, наведувајќи дека тој потпаѓа под законот за заштита на децата. Поворката помина мирно. „Од горд осомничен станав горд обвинет. Очигледно, тоа е цената што мора да се плати во оваа земја кога се залагаме за сопствената слобода и слободата на другите“, напиша Карачоњ на својата официјална Фејсбук-страница.

Во последната деценија, Владата на Орбан редовно ги ограничува правата на ЛГБТК+ заедницата, а Парламентот во март 2025 година донесе закон со кој се овозможува забрана на Парадите на гордоста, со образложение за заштита на децата.

Критичарите оценуваат дека овој потег е дел од поширок притисок врз демократските слободи во пресрет на изборите закажани за 12 април, на кои Орбан се соочува со најсериозниот предизвик во последните 16 години, пишува Хина.

Повеќето анкети покажуваат дека десноцентристичката партија Тиса има предност од девет до 12 поени пред владејачката Фидес.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Свет

Иран се закани: Евентуален напад на Хамнеи ќе започне глобален „џихад“

Иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност издаде строго предупредување дека секој напад врз врховниот водач Хамнеи ќе се смета за објава на војна против целиот исламски свет, што ќе доведе до издавање на фетви за џихад од исламските ученици.

Талибанците прогласија трајна забрана: Жените и девојчињата повеќе нема да учат во училишта

Министерството за образование под контрола на Талибанците во Авганистан објави трајна забрана за жените и девојчињата да посетуваат училишта, што предизвика остра меѓународна осуда и обновени загрижености за човековите права во земјата.

Најнови вести

To top