Свет

„Лукоил“ ги продава странските средства на американската „Карлајл“ за околу 22 милијарди долари

Компаниите што соработуваат со овие руски гиганти се соочуваа со секундарни санкции, што би ги исклучило од американските банки, трговци, превозници и осигурители – клучни елементи на глобалниот нафтен пазар. Поради тоа, „Лукоил“ беше принуден да ги продава своите странски активи.

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ (втората по големина компанија во Русија) објави дека потпишал договор со американската инвестициска група „Карлајл“ (Carlyle Group) за продажба на своите меѓународни средства, неколку месеци откако САД воведоа директни санкции против „Лукоил“ и „Роснефт“ во октомври 2025 година.

Компаниите што соработуваат со овие руски гиганти се соочуваа со секундарни санкции, што би ги исклучило од американските банки, трговци, превозници и осигурители – клучни елементи на глобалниот нафтен пазар. Поради тоа, „Лукоил“ беше принуден да ги продава своите странски активи.

„Лукоил“ соопшти дека договорот се однесува на LUKOIL International GmbH – холдинг-компанијата што ги поседува сите меѓународни средства надвор од Русија. Вредноста на трансакцијата не е објавена, но аналитичарите ја проценуваат на околу 22 милијарди долари.

Важни детали од договорот:

Продажбата не ги вклучува средствата во Казахстан – тие остануваат во сопственост на „Лукоил“ и продолжуваат да работат според постоечките лиценци.

Договорот не е ексклузивен – „Лукоил“ продолжува паралелни преговори со други потенцијални купувачи.

Транзакцијата чека одобрение од Министерството за финансии на САД (конкретно од OFAC – Канцеларијата за контрола на странски активи).

Американската влада првично даде рок од еден месец за продажба, но подоцна го продолжи поради одолговлекување на преговорите.

 

Странските средства на „Лукоил“ се огромни и се протегаат низ повеќе континенти. Тие вклучуваат акции во нафтени полиња, рафинерии и други проекти во земји како:

Ирак – највредниот актив: 75% удел во огромното поле West Qurna-2 и 60% во Block 10 (Eridu).

Азербејџан – околу 20% во гасното поле Shah Deniz.

Египет – 50% во West Esh El Mallaha (WEEM) и други концесии.

Романија – рафинерија и мрежа на бензински станици.

Бугарија – најголемата рафинерија на Балканот (Neftochim Burgas, капацитет 190.000 барели дневно).

Обединети Арапски Емирати, Нигерија, Мексико, Гана, Камерун и други.

Оваа продажба е директна последица од санкциите на администрацијата на Доналд Трамп, кои имаат за цел да го намалат финансирањето на руската воена машина преку енергетскиот сектор.

Најнови вести од: Свет

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

To top