Македонија

Што велат реалноста и социјалните мрежи за цените во Охрид

Не е се така како што изгледа во балканскиот Ерусалим

Реалноста и пишувањето на социјалните мрежи за цените во Охрид имаат сосема спротивни позиции.

 

Додека во постови на социјалните мрежи дел од туристите објавуваат сметки со огромни цени од кои може да ви се сврти во главата порталот Охрид прес открива дека во Охрид голем дел од рестораните имаат сосема пристојни цени на услугите кои се пониски и од скопските.

 

Меѓу најдобрите примери за ефтина но квалитетна услуга во Охрид се ресторанот Вкусно и слаткарницата Палма кои се сместени во центарот на чаршијата а  каде може квалитетно да се јаде и пие за цени пониски од скопските.

 

Дел од пристапната понуда во Охрид

 

 

За повеќе пристојни цени во Охрид на Охрид Прес на линкот

 

https://www.facebook.com/share/1Bv9kGwxao/

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top