Спорт

Македонија носител во баражот за ракометниот мундијал

Ждрепката за СП 2027 во Германија ќе се изврши утре од 14:30 часот, а термините за разигрувањето се 13/14 и 16/17 мај

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и официјално го потврди статусот носител на Македонија во извлекувањето на двојките за вториот круг од баражот за Светското првенство 2017 во Германија.

Покрај „црвено-жолтите“, носители се и Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија, кои избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги избегнат во разигрувањето за мундијалот.

Можни противници за македонските ракометари од вториот сад се Чешка, Италија и победниците од првиот круг во баражот, за кој двојките се: Босна и Херцеговина – Косово, Грузија – Израел, Украина – Словачка, Србија – Литванија, Полска – Летонија, Турција – Романија, Грција – Белгија и Финска – Црна Гора.

Ждрепката е закажана за утре од 14:30 часот, а натпреварите ќе се одиграат на 13/14 и 16/17 мај.

Домаќинот Германија и бранителот на титулата Данска се директно пласирани на СП, исто како и Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска.

Најнови вести од: Спорт

To top