Свет

Австрија ќе одржи референдум за продолжување на задолжителниот воен рок од шест на осум месеци

Најави денеска австрискиот канцелар Кристијан Штокер

Австрија ќе одржи референдум за тоа дали да се продолжи задолжителниот воен рок, најави денеска австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

Тој истакна дека резултатот од гласањето ќе биде „обврзувачки за политичките партии и за владата“.

Минатата недела, панел експерти предложи продолжување на основната воена служба од шест на осум месеци, во комбинација со дополнителни два месеци задолжителна резервна обука. Претседателот на оваа комисија, Ервин Хамеседер, оцени дека поради геополитичките тензии, неактивноста не е опција.

Австрија не е членка на НАТО, а воените експерти веќе подолго време предупредуваат на сериозен недостиг во вооружените сили на земјата. Во случај на криза, земјата може да мобилизира околу 50.000 војници.

За разлика од многу западноевропски земји кои го укинаа задолжителниот воен рок, Австрија сè уште бара од сите мажи на возраст од 18 години да отслужат војска, со можност за избор на алтернативна цивилна служба.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top