Македонија

Државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година.

Владата и МВР, посочи, нема да седат со скрестени раце додека криминалот ни ги уништува животите, туку ќе заштитат секој граѓанин.

Тошковски наведе дека во борбата против дрогата откриле над 860 кривични дела и заплениле над 430 килограми наркотици, меѓу кои рекордни количини кокаин, спречиле три обиди за меѓународен шверц и откриле злоупотреби кај компании за произвдоство на канабис, од кои одзеле над шест тони марихуана.

– Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција – рече Тошковски.

Во делот на корупцијата, потенцираше дека не молчеле и поднеле кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција во здравството, енергетика, даночниот систем па дури и безбедносниот систем. Овие коруптивни шеми резултирале со штета на држвата од над 17 милијарди денари.

– МВР има преземено процесни дејствија со кои се надевам дека во иднина ќе се овозможат услови овие пари да бидат вратени на граѓаните – рече Тошковски.

Тој најави дека таа борба допрва ќе расте и како што нагласи, секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност.

Во однос на сообраќајот рече дека не е задоволен од фактичката состојба. – Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова еедно од најважните работи на кои работиме, наведе Тошковски, најавувајќи функицоналност преку проектот Безбеден град.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top