Македонија

Сали: Во тесна соработка со европските партнери Македонија чекори сигурно и стабилно кон интеграцијата во ЕУ

„Во рамките на официјалната посета на Брисел, остварив важна средба и со Директорката за Западен Балкан Валентина Суперти. Разговаравме за напредокот на С.Македонија во Агендата за реформи и Планот за раст, со фокус на владеење на правото, дигитализација и јавна администрација. Сигурен сум дека со тесна соработка со нашите европски партнери С.Македонија чекори со сигурни и стабилни чекори кон интеграцијата во Европската унија.“ – објави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на својот официјален фејсбук-профил.

Во рамки на официјалната посета на Брисел вицепремиерот Беким Сали, ја започна агендата на средби со амбасадорката на Кипар Кристина Рафти. За време на средбата, министерот Сали ѝ честиташе на амбасадорката Рафти по повод преземањето на Претседателството со Советот на Европската Унија од страна на Кипар, информирајќи ја за досегашните резултати во процесот на европска интеграција на државата.

Во фокусот на разговорите беа реформската агенда, Планот за раст за Западен Балкан, како и клучните приоритети во рамки на напредокот на преговорите со Европската Унија. Беше нагласена важноста од континуирана соработка и поддршка од европските партнери за реализација на реформите и понатамошно унапредување на интегративниот процес.

Најнови вести од: Македонија

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

To top