Македонија

Конечно Судскиот совет се заинтересира за соѕиданите 350 илјади евра на нивниот колега Ристов

Ќе се чешлаат најмалку 6 до 7 предмети

Соѕиданите 350 илјади евра во ѕидот ја отворија вратата на судијата Ѓоко Ристов – судскиот совет конечно формираше комисија која ќе го истражува работењето на нивниот колега кој во моментов е во домашен притвор. Иако на почетокот, кога беа откопани парите, претседателот на Советот, Камбовски велеше дека не се сеќава точно дали имало пријави против Ристов, сега откри дека имали минимум две пријави – една анонимна, една од вработени во Апелација. Ќе се чешлаат најмалку 6 до 7 предмети.

За извештајот што ќе открие комисијата ќе се чека до крајот на неделата. Сепак, нема никакви гаранции дека било кои од овие случаи се површани со заѕиданите пари.

Случајот со судијата Ристов ја крена на нозе не само правната фела, туку целата јавност, откако полицијата и обвинителството за гонење на организиран криминал како во трилер филм му најдоа 350 илјади евра соѕидани позади кујнски плочки.

Првите сомнежи за корупција се појавиле пред осум до девет месеци, откако сведоци почнале да пријавуваат влијание од адвокати и барање мито за различни предмети. Во истрагата биле вклучени АНБ, Финансиската полиција и Управата за финансиско разузнавање, а со техничка опрема на Истражниот центар на Обвинителството биле пронајдени парите. Работата станала појасна по приведувањето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, осомничен за давање мито од 100 илјади евра, наводно побарани од Ристов за укинување притвор во предметот „Синџир“. Истражителите проверувале три локации, како и стан од 150 квадрати во Тафталиџе, кој не бил пријавен во Антикорупциска и за кој постои сомневање дека судијата незаконски го стекнал.

Родителите на судијата тврдеа дека парите се нивни и потекнуваат од земјоделие, за подоцна да се предомислат и да изјават дека парите се фотоволтаици.

И покрај пронајдените пари, судијата е во куќен притвор поради активно боледување, за што обвинителството оценило дека нема ризик од бегство.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top