Македонија

Касами: Во Софија сега нема со кого да се разговара за уставните измени и продолжување на евроинтегративниот процес

„Со оглед дека во Бугарија се предвидени нови предвремени парламентарни избори и функционирање на техничка извршна власт, таму сега нема со кого да се разговара на тема уставни измени и продолжување на евроинтегративниот процес.“ – изјави градоначалникот на Тетово и претседател на Беса Билал Касами на средбата со новинарите денес во Тетово. 

Касами додаде: Владата е посветена на сите обврски, преземени околу евроинтегрирањето, за да ги реализира час поскоро. Што се однесува до уставните измени, тоа е малку посложено прашање, зашто бара позасилен дијалог и со Брисел и со Софија. Во моментов во Софија, се подготвуваат за нови избори и затоа немаме доверлив партнер, со кого би разговарале за тоа како после уставните измени. Зашто, за Македонија е важно што ќе се случи после уставните измени, значи не само по себе уставните измени и внесувањето на бугарската заедница во Уставот – изјави Касами.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top