Свет

Врховниот лидер на Иран се појави во јавност (ВИДЕО)

  Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вчера присуствуваше на верска церемонија во Техеран, што е прво јавно појавување на лидерот по примирјето со Израел на 24 јуни. Кратко видео емитувано од државната телевизија го покажа Али Хамнеи како ги поздравува верниците во џамија за време на церемонијата по повод годишнината од мачеништвото на […]

 

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вчера присуствуваше на верска церемонија во Техеран, што е прво јавно појавување на лидерот по примирјето со Израел на 24 јуни.

Кратко видео емитувано од државната телевизија го покажа Али Хамнеи како ги поздравува верниците во џамија за време на церемонијата по повод годишнината од мачеништвото на имамот Хусеин, важен датум за шиитските муслимани.

Али Хамнеи (86) се појави облечен во црно. „Крвта од нашите вени за нашиот водач!“, скандираа верниците пред него, кревајќи ги тупаниците. Државната телевизија соопшти дека снимката е направена во џамијата Имам Хомеини, именувана по основачот на Иран, која се наоѓа во центарот на Техеран.

Од безбедносни причини, Хамнеи објавувал однапред снимени пораки и избегнувал јавни појавувања за време на војната што започна на 13 јуни. На 26 јуни, во однапред снимена изјава емитувана на државната телевизија, Хамнеи вети дека Иран нема да се предаде и покрај повиците од американскиот претседател.

Последниот јавен настап на ајатолахот Али Хамнеи, на власт од 1989 година, беше на 11 јуни, кога ги прими членовите на парламентот. Два дена подоцна, Израел започна војна против Иран со цел да ја спречи земјата да се здобие со атомска бомба.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top