Македонија

12 години затвор за Васил Јованов кој ја прегази Фросина

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во јануари годинава е осуден на 12 години затвор. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На […]

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во јануари годинава е осуден на 12 години затвор.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторно возило“, рече судијката Снежана Марковска.

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата.

„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.

Васил Јованов има право на жалба, но не за изречената казна затвор туку само за висината на казната односно 12 години затвор.

Ваквата пресуда доаѓа откако Јованов на претходното рочиште призна вина по што пред судот беа изнесени само доказите кои се однесуваат на висината на казната.

Најнови вести од: Македонија

Ќе продолжи кризната состојба за нафтата и нафтените деривати

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

По повод Светскиот ден на уметноста Општина Пустец со почит се сеќава на уметниците кои ја негувале македонската култура

Годинешното мото „Негување на заедницата преку уметноста“, нè потсетува дека уметноста не е само творење, туку мост што ги поврзува луѓето, генерациите и нашиот заеднички македонски идентитет

Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за Западен Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ

Јанчев: Кавадарци има отворени проекти од 19 милиони евра, презентирана веб-платформа со активности од сите сектори

Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом, прва фаза од гасификација, реконструкција на градски отворен базен, доградба на спортски центар, изградба на картинг патека, доградба на покриен базен и изградба на спа центар, био пазар, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост, велосипедски патеки до Тиквешко Езеро, садење на дрвја и цвеќиња, асфалтирање на улици, се дел од проектите што се реализираат, во рамките на повеќе сектори

Шокантни видеа на судењето: Стојанче Јовановски ја снимал Ивана како плаче и го моли да не ја удира

Следното рочиште е закажано за петок, кога исказ ќе даде и обвинетиот Стојанче Јовановски. Тој се изјасни за виновен за тепање и загрозување на сигурноста, но не и за поттикнување на самоубиство. Каење за трагедијата досега јавно не изразил.

To top