Македонија

Ова лето гранката нема да ми биде потребна за гаснење пожар, вели Ангелов

Благодарение на премиерот Христијан Мицкоски, Владата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, ова лето гранката нема да ми биде потребна. Владата на располагање има противпожарни ресурси како никогаш претходно, распоредени во различни министерства или други институции, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Дирекцијата за заштита и спасување во својата […]

Благодарение на премиерот Христијан Мицкоски, Владата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, ова лето гранката нема да ми биде потребна. Владата на располагање има противпожарни ресурси како никогаш претходно, распоредени во различни министерства или други институции, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.


Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри.

Видео 175179562471771

Денес на воениот полигон Пепелиште, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други, се одржа промоција на овие специјални возила со презентација на нивната противпожарна моќ.

175179562469471

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top