Македонија

Поднесена кривична за газдата и фирмата по смртта на 28 годишниот Љушев

Кристијан Љушев работел без осигурување и без обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против сопственик на фирма од Охрид и против самата компанија, поради сомнение дека со сериозни пропусти во работните услови директно придонеле за смртта на 28-годишниот Кристијан Љушев.

Кривичната пријава е поднесена против С.М. (43), сопственик и управител на правниот субјект, поради сомнение за кривично дело „повреда на правата од работен однос“.

Две фирми ќе заработат кривични пријави за несреќата во која загина 28-годишен охриѓанец

Според полицијата, Љушев не бил пријавен како вработен, ниту бил здравствено и пензиско осигуран, иако извршувал работни задачи на градилиште изложено на сериозни опасности. Тој работел како помошник монтер, без претходна обука за безбедност и здравје при работа и без задолжителен лекарски преглед по медицина на трудот.

Дополнително, сопственикот му дозволил пристап до високоризично работно место, без соодветни упатства и без преземени основни мерки за заштита.

Трагедијата се случи на 12 јануари 2026 година, околу 15 часот, кога Кристијан Љушев падна од петти кат во окно од лифт во зграда која била во изградба во Охрид.

По падот, тој бил итно пренесен со возило на Итна медицинска помош во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но повредите биле фатални.

Загина познатиот охридски фотограф Кристијан Љушев

„Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид“, информираа од полицијата.

Истрагата треба да утврди целосна одговорност за условите под кои работел младиот охриѓанец, кој во јавноста беше познат како снимател, фотограф и продуцент.

Најнови вести од: Македонија

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море. Драмата се заканувала […]

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top