Македонија

Тошковски: „Ова не е буцни прачка, пиј вино “ – се постапува за дивоградбите во Чаир

МВР спроведува неселективна и бескомпромисна борба против прекршувањата на законот, нагласувајќи дека постапките се водат и против високи функционери, вклучително и врховни судии, директори, поранешни и актуелни градоначалници.

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека институциите работат на утврдување на фактите, а резултатите се очекува да бидат видливи во скоро време.

На прес-конференција во Владата, каде што ги презентираше резултатите од првата година од мандатот, Тошковски истакна дека МВР спроведува неселективна и бескомпромисна борба против прекршувањата на законот, нагласувајќи дека постапките се водат и против високи функционери, вклучително и врховни судии, директори, поранешни и актуелни градоначалници.

Во однос на случајот со Чаир, министерот наведе дека не располага со информации дали е веќе утврден конкретен случај на дивоградба, но потврди дека Министерството постапува по наредбата на обвинителството.

  • Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино.. Ќе постапиме како што тоа се прави во секоја европска држава“, рече Тошковски, додавајќи дека ниту еден предмет нема да биде оставен без институционален одговор. Претходно градоначалничката, Данела Арсовска, до Обвинителството достави документи за незаконски легализации на дивоградби, тврдејќи дека со фалсификат биле легализирани од градоначалникот Висар Ганиу.

Најнови вести од: Македонија

Послеконгресни незадоволства во ДУИ – Мурати: Тоа е куќа со скапани темели! Лесковица: Во неа не остана ниту буквата „Р“ од реформите!

„Конгресот на ДУИ, за кој се трубеше како за процес на длабоки реформи, предизвика бранови на реакции од личности, кои некогаш беа на клучни позиции во извршните и локалните структури на оваа партија. Поранешни вицепремиери, поранешни министри и други функционери го опишаа процесот како ‘фасада’“ и „прикриен авторитаризам’, оставајќи ги настрана принципот на меритократија и заслугите.“ – објави ТВ Алсат во својата анализа со наслов „Конгресот на ДУИ, незадоволство од изборите на Ахмети“.

ТАВ Македонија: Слетаа и полетаа 13 авиони, откажани 20 лета, пренасочени две линии

Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.

Покрај во авионскиот, маглата прави проблеми во и патниот сообраќај

Од УХМР најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност, рече премиерот

Во честитката која премиерот ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, се нагласува дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост.

To top