Македонија

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи токму актуелниот градоначалник на Кисела Вода, да биде нивен кадидат за градоначалник на Град Скопје

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи токму актуелниот градоначалник на Кисела Вода, да биде нивен кадидат за градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори.

Мицкоски рече дека Ѓорѓиевски на анкетите води пред сите имиња кои се споменуваат од опозицискиот блок.

„Скопје заслужува енергија, визија и човек кој знае како се води општина. Ѓорѓиевски покажа дека знае како да направи резултати и сега е време таа посветеност да ја пренесе на ниво на главниот град,“ изјави Мицкоски.

СДСМ сè уште го нема објавено името на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје.

Локалните избори ќе се одржат во октомври.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top