Македонија

Над 1100 исечени дрва, направиле штета од 5.000 евра

Осуммина осомничени за синџир на дива дрвосеча во Виничко

Тивка, но систематска сеча пустошела во виничко. Дури 1.108 стебла биле бесправно исечени, штетата достигнала 310.240 денари. Полицијата поднесе кривични пријави против 8 лица од Виница и од Виничко.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница пријавила 8 осомничени. Дел од нив работеле во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“ во Виница. Други биле приватни лица и превозници.

Прво и второпријавениот, Г.И. (49) од село Калиманци и А.А. (31) од Виница, од јуни 2024 до февруари 2025 година исекле 1.108 стебла. Вкупната дрвна маса изнесувала 44,32 кубни метри. Сечеле на катастарски парцели во сопственост на 4 физички лица и делумно во државна сопственост. Причиниле штета од 310.240 денари.

Третопријавениот Ј.П. (59), управител на правно лице од Виница, несовесно ги обележал границите на една парцела. Навлегол во соседни парцели со површина од 4.080 метри квадратни.

Четвртопријавениот С.Ѓ. (64) од село Лески, вработен во ЈП „Национални шуми“ – ПШС „Плачковица“, како референт за превоз издал 8 приемници за дотур и 26 испратници за превоз. Дополнително, без овластување извршил ознака за сеча со несоодветен чекан.

Петтопријавениот Љ.В. (63), исто така вработен во претпријатието, извршил теренски увид. Потоа бил изготвен записник и одобрение за сеча на огревно дрво.

Шестопријавениот Б.П. (64), одговорно лице во ПШС „Плачковица“, го потпишал одобрението без контрола на преземените активности.

Седмо и осмопријавените, З.С. (66) од село Јакимово и Т.М. (71) од село Крушево, врз основа на издадените испратници, превезувале огревно дрво со 2 товарни возила. Немале лиценца и извод од лиценца за јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај.

Сите се товарат за повеќе кривични дела. Дел од нив за „продолжено кривично дело“ во врска со „кражба“. Други за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“. Превозниците се гонат за „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

Акцијата открила синџир од бесправна сеча до транспорт. Институциите сега ќе треба да утврдат индивидуална одговорност.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

To top