Минатата година бугарско државјанство добиле 1.975 граѓани на Република Македонија, со што таа е веднаш зад Украина и Турција, покажува годишниот отчет на Комисијата за бугарско државјанство при претседателот на Република Бугарија.
Во споредба со претходната 2024 година, кога 1.698 македонски државјани станале и бугарски, бројот е зголемен за 277, но е помал од над 2.400 лица во 2023 година.
Од 1 јануари до 31 декември 2025 година бугарските власти издале вкупно 15.796 државјанства.