Македонија

Успешно одржан настанот за проектот ELeVATE – поддршка на девојки и жени во Net-Zero технологии

ACRID Network изразува благодарност до сите учесници, партнери и поддржувачи на настанот

Успешно одржан настанот за проектот ELeVATE – поддршка на девојки и жени во Net-Zero технологии, а од следната недела ќе бидат објавени модулите за обука и сертификација на учесниците.

Воедно да потсетиме дека вчерашниот ден 11 Февруари  беше Меѓународен ден на жените и девојките во науката.

Ден посветен на признавање на придонесот на жените во научните и технолошките области и поттикнување на поголемо учество на девојките во науката, истражувањето и иновациите.

Во Europe House во Скопје успешно се одржа официјалниот настан за почеток на кампањата во рамки на проектот ELeVATE – Women in Net-Zero Technologies (SEB), насочен кон поддршка на девојките и жените во зелените и одржливи „net-zero“ професии. Настанот се одвиваше во позитивна и професионална атмосфера, со обезбеден превод на македонски, албански и англиски јазик.

Проектот ELeVATE е финансиран од Европската комисија преку централизираната компонента на програмата Erasmus+ и има за цел да поттикне поголема вклученост на жените во енергетиката, зелените технологии и паметните решенија за објекти.

Како клучни говорници и поддржувачи настапија претставници од институции и релевантни организации, меѓу кои:

– Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

– Заменик министерството за европски прашања

– Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

– Women in Tech North Macedonia

– Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Говорниците испратија силни пораки за важноста од поголема застапеност на жените во зелените и технолошките професии, споделија реални согледувања од своите области и дадоа јасна поддршка за целите на проектот. Дел од нив ќе се вклучат и како role models и ментори во претстојните работилници со девојки и жени.

Посебен впечаток оставија и инспиративните лични приказни од претставници на технолошката заедница и граѓанскиот сектор, кои покажаа дека со знаење, поддршка и можности, бариерите можат да се надминат.

Овој настан го означува почетокот на поширока програма што продолжува со работилници, менторства и конкретни можности за развој на кариера на девојки и жени во зелените, енергетските и net-zero сектори.

ACRID Network изразува благодарност до сите учесници, партнери и поддржувачи на настанот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top