Македонија

(Видео): Кои се условите што мора да ги исполнат новите 400 пожарникари?!

Пренамената на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

Се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80″, „Хермелини” и „Пинцгауери” кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа”, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар, рече премиерот Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот” во Дневникот на Сител телевизија.

Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

  • Од друга страна отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме.”, истакна премиерот Мицкоски и дополни дека направените промени ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): „Вардариште“ како гасна централа – Што всушност дишат скопјани?!

Главоболка, печење на очите и грлото стана секојдневие, се жалат скопјани. Жителите кои живеат во близина на депонијата „Вардариште“ алармираат дека ноќе се приморани да бидат во затворени дома, но смрдеата навлегува и внатре во собите. Лекарите велат се е бадијала.

Дали ќе се казнуваат пешаци кои одат со слушалки во ушите?!

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

Сиљановска-Давкова: Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против исчезнувањето на видовите, загадувањето на водите и климатските промени

Пастрмката да опстане во Охридското Езеро, Преспа да продолжи да биде дом на ретките птици, Дојран да го сочува рибарскиот дух, а Хидробиолошки завод да слави и по следните 90 години

To top