Македонија

ВМРО-ДПМЕ: Заев и Филипче да кажат која им е врската со запленетата марихуана

По с’е што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана

Филипче и Заев како најпознато криминално дуо кое некогаш постоело во земјава имаат оставено црн печат секаде, во секој сектор, во секоја институција, во секоја пора на општеството.

Околу темата за канабисот, Филипче пред неколку дена на национална телевизија беше видливо нервозен и конфузен, а Заев пак никна на социјалните мрежи со статуси кои очигледно беа напишани во паника, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста се сеќава кога во 2020 година, ова дуо сакаше да ја легализираат марихуаната во земјава, па откако тоа не им успеа, се фрлија на масовно издавање лиценци за медицински канабис на лица кои беа блиски до СДС.

Па така, за кратко време струмичкиот регион стана жариште на производство на марихуана, значи имало координирано ширење на индустријата под покровителство на Заев и Филипче.

Клучниот момент е измената на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, каде во член 2 се додаде можноста канабисот да се одгледува и на отворено“, се потсетува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека тој подзаконски акт за канабис бил во директна колизија со законот, бидејќи дозволува производство на канабис цвет кој не ги исполнува ГМП стандардите.

„Ако не ги исполнува тие стандарди, финалниот производ не може легално да се користи како медицински.

Уште еден нарко канал на Заев и Филипче се разобличува, а за кој сега реагираат со нервозни деманти и преку обиди за дефокусирање на јавноста.

По големите заплени на марихуана од компании со лиценци за медицинско производство, каде во прашање се 40 тони марихуана, 70% од истите или некаде околу 30 тони потекнуваат од „ЦБД Медплант“, или фирма основана во 2018 година од страна на блиски луѓе до Заев, поконкретно Христијан Котев, син на Тони Котев, кој е поранешен претседател на ОО на СДС во Ново Село, и човек близок до Заев.

Филиче „ич не се знаел“ со газдата на илегалната марихуана, но слика покажува друго

„Наместо да водат кампања која е само спин и манипулација, Филипче и СДС можат јавно да објаснат каде завршувала марихуаната што, според законите, не можела да се користи како легален медицински производ. Јавноста има право да знае дали станува збор за лични или партиски интереси и кој имал профит од овој нелегален бизнис.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство итно и темелно да ја истражи целосната релација помеѓу Заев и Филипче, нивната можна вмешаност и одговорност во случајот со запленетите 30 тони марихуана, како и сите околности што упатуваат на партиски и лични интереси во нарко-бизнисот. Јавноста заслужува целосна транспарентност и еднаквост пред законот.

Најнови вести од: Македонија

За почеток опомени и едукација за пушачите по 1 март

Најпрво ќе одиме со мека примена на законот што ќе значи на почеток опомени, едукација, рамо до рамо работа во правец на исполнување на условите создавање јавни простори без чад, вели, Никола Грбчевски од Министерството за здравство

To top