Македонија

Мајката бара помош за пронаоѓање на синот Виктор Илиевски

Трагата му се губи од завчера околу 14 часот, бил облечен бил во тегет јакна, сиви патики,и црни тренерки

Семејството на Виктор Илиевски очајно бара помош за пронаоѓање на Виктор Илиевски oд Прилеп, кому му се губи секаква трага од завчера.

Според објавата на неговата мајка, Роза Илиоска, трагата му се губи од завчера околу 14 часот. Облечен бил во тегет јакна, сиви патики,и црни тренерки.

Случајот е пријавен во полиција, а доколку имате некакви информации, јавете се на 076 303 292

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС, насочена кон пропаст, направи катастрофални грешки и штети во образованието, го решаваме и овој проблем

Наместо кон напредок СДС е партија, насочена кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, е и Законот за високо образование. Го донесоа во 2018 година, предизвикаа драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија и го избришаа единствениот македонски универзитет од пошироката Шангајска ранг листа. Промени се потребни, тоа е општата констатација на целата научна и академска фела во државата. Тим од над 60 академски професори, експерти и претставници на институции, органи и на студентите, изработија предлог законско решение, за кое во тек е јавна дебата. Ниту е конечно, ниту насилно ќе се истурка, како што СДС милува да паничи во јавноста, соопшти ВМРО ДПМНЕ.

КИЧЕВО: Како последица на поплавите евакуирани и згрижени се 250 лица во Кичево, од кои 61 дете, најмалото има еден месец

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата. Распределуваат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

Најнови вести

To top