Спорт

Вардар „без одбрана“ кај Бенфика во Европската лига

Двократниот европски првак поразен со 40:35 во Лисабон на стартот од главната фаза, примајќи дури 24 гола во првиот дел

Катастрофалната одбрана ги чинеше ракометарите на Вардар пораз од 40:35 против Бенфика во Лисабон на стартот од втората фаза по групи во Европската лига.

Иако одлично влегоа во натпреварот и преку контранапади водеа и со 7:4, „црвено-црните“ до одморот примија дури 24 гола и практично уште тогаш го положија оружјето против единствената екипа што влезе без бодови во третата група, дозволувајќи им на Португалците да заминат на пауза со огромни 24:16, а водеа и со девет гола разлика!

Украинецот со македонски пасош Дмитро Хориха беше најефикасен во составот на Иван Чупиќ со 9 гола од 11 удари, пред Французинот на лево крило Мишел Тузолана со 8/9.

Иако дефанзивна линија пред нив како да немаше, голманите Милош Валах (10 одбрани) и Мигел Еспиња (7) заедно запишаа повеќе успешни интервенции од вкупно 13. на противничките чувари на мрежата.

Поразот ја искомплицира ситуацијата на табелата, на која покрај двократниот европски првак по 2 бода имаат и Бенфика, и Кристијанстад пред вечерашното гостување кај лидерот Мелсунген со максимални 4.

 

Најнови вести од: Спорт

To top