Македонија

Ветер откорна покрив на училиште во Гевгелија

Според информациите со кои располага ЦУК, нема повредени лица

 

Поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија., објави Центарот за управување со кризи.

Според информациите со кои располага ЦУК, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчера била добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.

Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработка врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски му ја честиташе победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија. „Граѓаните на Унгарија го кажаа својот збор, а нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги цениме силните билатерални односи изградени со текот на годините и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка […]

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top