Македонија

Овоштарите си ги добија субвенциите од државата

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство, велат од МЗШВ.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top