Македонија

Ристоска мора да знае дека ова се други времиња, подобноста не е критериум

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека дури и во приватни компании („Мамас“) се применувале повисоки стандарди за прием на кадар отколку во времето кога се избирале кадри во СЈО

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испрати одговор на денешната реакција на обвинителката Ленче Ристоска, која го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски за нејзиното исклучување од трката за нов државен јавен обвинител. Од партијата порачуваат дека критериумите за оваа функција се променети и дека партиската подобност повеќе не може да се користи.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Ристоска имала ангажман во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што била, како што велат, „десна рака“ на поранешната шефица Катица Јанева.

„Ристоска мора да знае дека ова се други времиња. Ако таа е навикната ‘подобноста’ да биде главен критериум, како што беше во СЈО, овој пат тоа не е случај. Сега се потребни интегритет, професионалност и одговорност“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека дури и во приватни компании („Мамас“) се применувале повисоки стандарди за прием на кадар отколку во времето кога се избирале кадри во СЈО.

„Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (’Мамас’) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзиниот неизбор, според партијата, е јасен сигнал дека партиските атрибути повеќе не се пресудни.

„Подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристоска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, се додава во соопштението.

Од партијата ја повикаа Ристоска додека јавно говори за подобност и критериуми да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешните реакции од Ленче Ристоска и од ВМРО-ДПМНЕ следуваат откако синоќа премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско гостување изјави дека обвинителката Ристоска апсолутно не е во игра за избор за државен јавен обвинител.

Денеска обвинителката Ристоска реагираше на оваа изјава и рече дека кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат се отвораат прашања за природата на критериумите што се применуваат во изборот.

Најнови вести од: Македонија

Земји од Балканот може во ЕУ, но да бидат безгласни

Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предложија во заеднички документ Европската Унија да размисли за привремено ограничување на правото на глас во некои случаи за идните нови членки на блокот, како и да обезбеди повеќе заштитни мерки за да се обезбеди владеењето на правото

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

To top