Македонија

Автопатот Гостивар – Букојчани готов до крајот на 2029 година, најави Николоски

Деведесет проценти од експропријацијата е завршена, изјави вицепремиерот на увидот во градежните работи

Заменикот-претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од „одличната динамика“ со која се гради автопатот од Гостивар до Букојчани и очекува таа делница од коридорот 8 да биде завршена до крајот на 2029 година.

„Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево. Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 отсто, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, односно околу 90 отсто од експропријацијата е завршена. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката што ја дава за овој проект, со силна динамика до крајот на 2029 година да го завршиме овој автопат без отстапки од рокот. Задоволство е да се гледа прогресот и да се гледаат добрите резултати!“, изјави Николоски по извршениот увид во градежните работи заедно со претседателот на Владата и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top