Спорт

Првенец на Трајковски за Локомотива Загреб, и тоа од слободен удар (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач ја завери победата со пресврт од 3:1 против Осиек во хрватската фудбалска лига

Во својот шести настап за Локомотива Загреб, Александар Трајковски го постигна својот прв гол, со кој ја запечати домашната победа од 3:1 со пресврт против Осиек во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ).

Напаѓачот на македонската репрезентација влезе во игра во 68. минута, а седум минути пред крајот 33-годишниот „убиец“ на Италија во Палермо стрелаше прецизно од слободен удар од дваесетина метри во долниот десен агол.

Ремек-делото на Трајковски против Осиек, чија мрежа ја затресе и пред две години како играч на Хајдук, во објавата на Икс:

 

Најнови вести од: Спорт

To top