Македонија

И докторите се луѓе: Њуборн и одговори на пациентка која се жали дека чекала 15 минути

      Доктор Тања Гуржанова од клиниката за плодност ,,Newborn” од срце и одговара на јавната поплака на пациентка која чекала 15 минути за да влезе на преглед.   ,,📌 Денеска само еден мал потсетник: Понеделник. Работниот ден почнува пред закажаниот термин — три-четири пациентки повеќе од распоредот: некој за старт на ин витро, […]

 

 

 

Доктор Тања Гуржанова од клиниката за плодност ,,Newborn” од срце и одговара на јавната поплака на пациентка која чекала 15 минути за да влезе на преглед.

 

,,📌 Денеска само еден мал потсетник:

Понеделник. Работниот ден почнува пред закажаниот термин — три-четири пациентки повеќе од распоредот: некој за старт на ин витро, некој со непредвиден проблем во бременост, некој со итен резултат за терапија.

 

📞 Телефон ѕвони — трудница крвари, друга завршила со вакуум аспирација — се даваат совети, се организира итно работата. Никого не одбиваме. Со мака и страв доаѓаат.

 

И во сета таа гужва — „Јас чекам 30 минути ( реално15 минути)!“

Верувајте, ниту еден лекар, сестра или рецепционер не сака да чекате. Сите се „расчеречени“ за да се помогне навреме, безбедно и човечки.

 

Како што чекаме ние во редици во фризерници, на шалтер, на каси или за “груминг на нашите миленичиња” — имаме разбирање, бараме исто така малку разбирање и овде. Здравјето нема секогаш распоред.

 

💙 Ви благодарам за трпението и за довербата!”, пишува докторката која е позната по својата професионалност и добар однос со пациентите.

 

Што и одговориле од Newborn на јавната и убава на нестрплива пациентка

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top