Македонија

Поранешната економска директорка на Токсикологија Бесија Илјази ќе враќа околу 10.000 евра за хонорари што незаконски ги давала

Илјази во мај 2024 година склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи.

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Илјази, со судска одлука треба да врати 659.831 денари, сума што клиниката ја исплатила како хонорари за спорни ангажмани. Одлуката е донесена во граѓанска постапка по тужба на клиниката, со која се бараше надомест на материјална и нематеријална штета. Но  судот, според информациите што ги објавија медиумите, ја уважил тужбата во делот на материјалната штета – односно враќање на исплатените пари за хонорари.

Иљази беше осудена со признание на вина за „злоупотреба на службена положба и овластување“ на условна осуда со заштитен надзор на казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 4 години не стори ново кривично дело. Таа ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, професор доктор Андон Чибишев, откако беше разрешена Иљази им соопшти на 18-те ангажирани со договор на дело од болницата кои со месеци незаконски одеа на работа – повеќе да не доаѓаат, со исклучок на биологот, бидејќи беше потребен за опстојување на токсиколошката лабораторија.

Најнови вести од: Македонија

Дали се местеле натпревари на домашни клубови во Македонија, што ќе покаже истрагата? ФФМ се огласи за дописите од УЕФА!

„Напомнуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.“ – велат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

(Видео): Скопскиот аеродром доби награда за квалитет на аеродромските услуги од Меѓународниот совет на аеродроми

Меѓународниот Aеродром Скопје припаѓа во ASQ панел од 20 аеродроми, во категоријата аеродроми во Европа со големина од 2 до 5 милиони патници годишно. Покрај Меѓународниот Aеродром Скопје, другите аеродроми во овој панел се аеродроми во Италија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Естонија како и уште два аеродроми управувани од ТАВ Аеродроми, аеродромот во Загреб и Тбилиси во Грузија.

Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е невиден преседан, недозволив за сериозна држава, Советот на обвинители и Судскиот совет да го разгледаат тоа!

Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо, изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби.

To top