Македонија

Заплена на уште еден тон дрога од валандовската „Грин лајф“

На компанијата ѝ е одземена лиценцата за производство на канабис за медицински цели

Полицијата денеска заплени 1 тон марихуана од ккомпанијата Грин лајф, од Јосифово, Валандовско.

Друштвото за производство, трговија и услуги Грин лајф има дејност одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба во фармацијата.

Ова е една од шесте компании на кои Министерството за здравство им ги одзеде лиценците за производствво на канабис за медивцински цели.

Алиу: Одземени лиценците на 6 компании, кои одгледуваат марихуана за медицински цели, меѓу нив и на Алфафам, вмешана во шверцот во Србија!

Со одлука на Владата надлежните вршат контроли во сите 43 компании кои имаат дозволи за одгледување медицински канабис, по заплената на над 40 тони марихуана од неколку компании пред 2 недели.  Досега е извршена контрола во 13 компании.

Најнови вести од: Македонија

To top