Македонија

Трајкоска за двојните стандарди за убијците на тркала: Зошто Васил заврши во Шутка а Фатон до домашен притвор?

Не застанал да укаже помош, изблегал, се криел два дена, имал претходно досие на насилство врз малолетник и добива куќен притвор?!?

Директорката на Институтот за комуникации Жанета Трајкоска поставува повеќе прашања споредувајќи ги два случаи на прегазени граѓани, Фросина и Југослав кои беа прегазени од Васил и Фатон.

 

На Трајкоска не и се јасни двојните стандарди при одлучување на судот кон двете лица од кои едниот иако не избегал веднаш беше упатен во затворот во Шуто Оризари а вториот замина дома да се брани од домашен притвор.

 

,,Што е разликата помеѓу убиствата на Фросина и Југоглав?! Фросина беше згазена на пешачки, Југослав на пешачка патека, двајцата мислејќи дека се сигурни. Васил и Фатон се лицата што убија човек. Двајцата млади, двајцата со претходно досие со кривнични прекршоци – едниот без возачка, другиот со мотор без регистарски, едниот за дилање, другиот за насилство врз малолетник и плус уште нешто!

Единствената разлика е што Васил застанал и станал свесен дека убил млада девојка, Фатон избегал од местото на убиството, за после 2 дена (значи после 48 часа), сам да се пријави во станица. Комшиите/очевидците во тие 48 часа според текстот, никој ништо не ги прашал – како да не го барале Фатон.

Васил доби ефективен притвор од првиот ден, а Фатон само куќен притвор. Може некој да ми ја каже логиката на овие две одлуки?! Не застанал да укаже помош, изблегал, се криел два дена, имал претходно досие на насилство врз малолетник и добива куќен притвор?!?”, пишува Трајкоска која бара одговор од Кривичниот суд за двојните стандарди.

 

,,И да- воопшто не е важно што едниот е Васил другиот Фатон – можело и да биде обратно, ама не смее да има различни аршини. Што е олеснителната околност?! Фатон убил постар граѓанин, па помалку е важно!?

Идентитетско прашање е ова за мене – оти вака не само што нема да не биде, туку се распаѓаме во општествен гној што смрди одалеку!”, забележува Трајкоска.

 

Во меѓувреме под притисок од јавноста Васил веќе доби 12 годишна казна што е една од највисоките во историјата за вакво дело.

Најнови вести од: Македонија

Модернизација на итната помош: Владата набавува 100 нови амбулантни возила

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

Одложено судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и да изврши убид во доказите

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО – се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата

To top