Македонија

Македонија и Хрватска го финализираат Договорот за стратешко партнерство

Загреб ќе му биде ментор на Скопје на патот кон ЕУ – главна порака од средбата на Муцунски со колегата Грлиќ-Радман во Скопје

Пријателството меѓу Македонија и Хрватска ќе биде преточено во Договор за стратешко партнерство, чија подготовка е во  во завршна фаза, а членката на Европската унија ќе му биде политички и технички ментор на Скопје на евроинтегративниот пат.

Ова е главната порака од денешната средба на министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и Гордан Грлиќ-Радман во Скопје, на која уште еднаш беа потенцирани одлични односи меѓу двете држави и двата народа, без ниту едно отворено прашање.

Поддршката од Загреб веќе се реализира преку 18 активни твининг-проекти насочени кон зајакнување на административните капацитети во Македонија. Фокусот на овие проекти е ставен на клучните поглавја од преговорите, вклучувајќи ги: правосудство и внатрешни работи финансии и контрола на јавните трошоци, земјоделство и рурален развој, како и образование и транспортна инфраструктура.

„Во делот на европските интеграции, Хрватска ја вбројувам во земјите кои се наши принципиелни поддржувачи. Има многу што поддржуваат, но помалку што принципиелно поддржуваат. На Хрватска треба да гледаме како на наш ментор во евроинтегративниот процес и од политичка, но и од техничка гледна точка, зашто и имаме многу активни проекти кои јавноста не секогаш ги гледа, а ни помагаат на европскиот пат“, рече Муцунски на заедничката прес-конференција.

Грлиќ-Радман истакна дека Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо и додаде дека отворањето на пореговорите ќе претставува важен позитивен моментум за македонските граѓани.

„Помеѓу Хрватска и Северна Македонија сè е отворено и пријателски. Нашата соработка може да биде пример и за другите земји од Западниот Балкан. Хрватска отсекогаш помагала, а доказ за тоа се и 18-те активни твининг-проекти преку кои придонесуваме кон зајакнувањето на административните капацитети во сообраќајот, финансиите, правосудството, образованието и земјоделството“, изјави тој на заедничката прес-конференција.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: СДС ги распродадоа македонските национални интереси, а сега и Филипче е подготвен за уставни измени веднаш без услови и гаранции!

„Од СДС постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент,кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси. Овој нивни аргумент не е поткрепен со нивното однесување во јавноста. Филипче се однесува како да го знае само тој патот кон ЕУ, а неговата шема не познава никакви црвени линии.“ – нагласи Валентин Манасиевски, пренесувајќи ја реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

МИА: Основниот кривичен и Апелацискиот суд во Скопје ги изиграа 15-те осудени на 200 години затвор за „27 април““, сепак можеа да го повторат судењето!

Јане Ченто во понеделникот поднесе кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Русковска, тврдејќи дека таа сторила кривично дело во текот на постапката за случајот „27 април“, за да изнуди лажно сведочење на сведок во процесот, поради што 15 лица беа осудени за тероризам и добија вкупна казна од над 200 години затвор.
Поводот за ваквиот потег е последната одлука на Апелација од 2 април, со која се одбива барањето на осудените и оштетените од процесот „27 април“ за повторување на постапката во нивна корист. – пишува во анализата на Македонската информативна агенција – МИА во својата редакциска анализа со наслов „Како Основниот кривичен и Апелационен суд во Скопје ги изиграа 15 осудени на 200 години затвор за ‘27 април’?“.

„Вечер“: Филипче и Заев и другите мафијаши во СДСМ соработуваат со балканската мафија, подготвени да ги исполнат бугарските услови, само да ги урнат владата и Мицкоски!

„На обичен набљудувач на политичките настани во Македонија се уште му е нејасно зошто и како сегашното раководство на СДСМ душмански ја растура сопствената партија. Дали е тоа за интерес на мафијата во партијата која се плаши од внатрешен преврат, или се работи за досега невиден аматеризам и политичка неписменост? Одговор на оваа дилема најверојатно е збир на двете варијанти.“ – нагласува весникот „Вечер“ во својата редакциска анализа со наслов „А каде е деновиве Филипче? Со Кавачкиот клан на средување на сметките, или на концерт на Харис?“

Нови правила за возење во Грција: што мора да има секој возач од Македонија во автомобилот, за да избегне казна?

Со почетокот на туристичката сезона 2026 година, Грција воведува построги правила за безбедност во сообраќајот, кои директно ги засегаат и странските возачи, вклучително и македонските туристи. Новите прописи не се ограничуваат само на однесувањето на патот туку детално ја регулираат и задолжителната опрема што мора да се наоѓа во секое возило. Контролите се засилени, а казните – иако во некои случаи симболични – се неизбежни доколку недостига дури и еден елемент. Новите правила во Грција не се формалност, туку дел од поширока стратегија за зголемување на безбедноста на патиштата. За македонските туристи, тоа е важна подготовка пред тргнување: проверка на опремата во возилото. Најголемата промена, новиот стандард за прва помош, е и најчеста причина за казни. Затоа, експертите советуваат: подобро е однапред да се инвестира во целосна и усогласена опрема отколку да се плаќа казна веднаш. Во пракса, не станува збор само за законска обврска туку и за прашање на лична безбедност, особено кога патувате стотици километри далеку од дома.

Провокација на Османи: Да создадеме фронт на отпор против агресијата врз Албанците во оваа пропадната држава – Албанците не прифаќаат да бидат кираџии во неа!

„Да се здружиме и да се мобилизираме против ова зло, против оваа политичка агресија, која се врши кон Албанците. Да создадеме фронт на отпор во оваа вонредна ситуација, која бара од нас сеопшта мобилизација.“ – изјави потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи, изнесувајќи тешки провокации во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења. Повикот за мобилизација“ тој го упати, како што рече, до „сите непартиски луѓе, медиумите, бизнисите, невладините организации“, а потоа „ќе се зборувало за политичките партии и кој ќе биде на власт“. Меѓутоа, овој „повик“ на Бујар Османи, кој е и сѐ уште портпарол на ДУИ, е едновремено повик и за уривање на постојната Влада на Република Македонија и одраз на намерата на ДУИ да се врати „триумфално“ на власт!

Најнови вести

To top