Македонија

Мицкоски: Обвинителството да го повика Жан Митрев по исказите за нелегално преземање на неговата болница

Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, вели премиерот

 

 

Kоментирајќи ги тврдењата на д-р Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт,  премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ на Сител порача Обвинителството да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина. .

„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.

Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.

„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „Иск“ лице или кон „Ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, преземање непријателски на бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

Најнови вести од: Македонија

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Али Ахмети го „прослави“ 2 мај, „Денот на прогласувањето на Карадак како зона ослободена од УЧК во 2001“ и порача: Тоа е и натаму „симбол на отпор“!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го „прослави“ 2 мај „Денот на прогласувањето на Карадак како ослободена територија“ од страна на УЧК во 2001 година“, означувајќи го овој датум како „важен момент во новата историја“. „Во Слупчане е напишана една од најзначајните страници, а прогласувањето на Карадак како слободна зона е доказ за решителност за слобода, достоинство и еднаквост. Карадак и неговите жители остануваат симбол на отпор и единство за поправична иднина.“ – рече Ахмети. Со оваа своја порака тој отвори дилема: каков „симбол на отпор“, но и кон кого, продолжува да биде и денес ова „прогласување територија ослободена од борците на УЧК во мај 2001“?! Претседателот на ДУИ Ахмети „прославува“ и денес „25 години од прогласувањето слободна зона“ инаку на територијата на унитарната држава Македонија!

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести

To top