Македонија

Не запира насилството врз Охридското езеро

Ништо не ги плаши за да запрат со криминалот во Балканскиот Ерусалим

Фото: Хелтисис.орг

И покрај заканата дека Охрид ќе го загуби статусот на симбол на културно и природно наследство добиен од УНЕСКО и акциите на полицијата и инспекторатот граѓаните продолжуваат со урбанистичкото насилство.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира за два случаи кои ги процесира полицијата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П.(46) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила објект за домување. Врз основа на констатираната состојба, надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од општинскиот надлежен орган, изградила објект за домување и една гаража.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top