Македонија

Членови на фамилиите Заеви и Филипче не ја контактирале македонската амбасада во Абу Даби

Во МНР велат дека не можат да зборуваат за имиња туку само дека македонската дипломатија овозможува контакт и помош за сите македонски државјани

Меѓу тие што ја контактирале македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати нема членови на фамилиите Заеви и Филипче за кои често се објавува дека престојува или има бизниси во Дубаи.

Според извор близок на двете фамилии ниту членови на пошироката фамилија на екс премиерот Заев ниту блиски роднини на фамилијата Филипче за кој се пишуваше дека често оди таму, не побарале помош од македонската дипломатска мисија во Дубаи.

Амбасадор на Македонија е дипломатот од кариера Абдулкадар Мехмеди кој упатува на МНР за детали од мисијата за укажување помош на македонски државјани во ОАР.

Во МНР велат дека не можат да зборуваат за имиња туку само дека македонската дипломатија овозможува контакт и помош за сите македонски државјани кои се обраќаат во амбасадата во Абу Даби и во сите земји од регионот кој е погоден од нападот врз Иран од страна на САД и Израел.

Досега неофицијално над 200 македонски државјани ја контактирале амбасадата за да добијат информација за состојбата во регионот.

Во Дубаи и Абу Даби официјално престојуваат околу 2000 македонски граѓани а бројот на тие што се таму голем дел од времето но немаат постојан престој е десет пати поголем.

Најнови вести од: Македонија

Сотирис Минас: „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“ (ВИДЕО)

Пеетот вели дека неговиот избор да го научи македонскиот јазик не е само јазична љубопитност, туку морална позиција. „Ако кај Македонците е посеан страв да го зборуваат својот јазик, тогаш еден Грк ќе го научи и ќе го зборува тој ист јазик по свој избор – и тоа со гордост“

„Облечи ја униформата со гордост!“: МВР распиша конкурс за 200 ученици

За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава.

СДСМ: Паднаа маските, Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ 2,0 е за рушење на партијата

Може колку сака да зборува за пад на СДСМ, но сите показатели говорат спротивно – новото раководство ја врати репутацијата и довербата кај своите гласачи, велат од „Бихаќка“

To top