Иранско беспилотно летало се урна во британска база на кралските воздухопловни сили (FAF) на Кипар минатата ноќ, изјави кипарскиот претседател Никос Христодулидес.
Кипар ги стави државните служби во состојба на готовност, ги затвори училиштата и започна евакуации каде што е потребно откако беспилотно летало ја погоди британската база на РАФ во Акротири на островот.
Министерството за одбрана (МО) пријави „сомнителен напад со беспилотно летало“ врз RAF Акротири околу полноќ по локално време, јави Би-Би-Си
Не се пријавени жртви, а базата претрпела „минимална штета“, но МО соопшти дека членовите на семејствата во базата ќе бидат преместени во алтернативен сместувачки капацитет како превентивна мерка.
Франција, Германија и Велика Британија со „одбранбени мерки“ против Иран
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, соопшти Министерството за одбрана.
Базата, во која се наоѓаат околу 2.000 војници и нивните семејства, очигледно била цел на Иран или неговите сојузници. Според „Сајпрус меил“, во британските бази на Кипар е прогласена „безбедносна закана“ кратко пред полноќ.
На персоналот му е наредено да „се оддалечи од прозорците и да се засолни зад или под цврст, тежок мебел“ и да чека понатамошни инструкции“ се вели во соопштението.
Ова доаѓа откако премиерот Сер Кир Стармер изјави дека Велика Британија се согласила со барањето на САД да ги користи британските воени бази за „одбранбени“ напади.
Британскиот премиер рече дека Велика Британија научила од „грешките на Ирак“, не учествувала во првичните напади врз Иран и „сега нема да се придружи во офанзивни акции“.
Тој рече дека одлуката да се прифати барањето на САД за користење на британски воени бази била во „колективна самоодбрана“ на сојузниците и заштита на британските животи, обвинувајќи го Иран дека спроведува „стратегија на изгорена земја“.
Un proyectil iraní alcanzo la base británica de Akrotiri en Chipre. En este ataque los iraníes muestran su capacidad de alcanzar a un blanco a 1.670 km de distancia de Teherán, un dato que no es menor para los estados que lo rodean pic.twitter.com/HqpbHOhGIQ
— Nacho Montes de Oca (@nachomdeo) March 1, 2026