Свет

Франција, Германија и Велика Британија со „одбранбени мерки“ против Иран

Лондон го одобрил барањето на Вашингтон да ѝ дозволи на американската војска да ги користи британските воени бази на Блискиот Исток за да ги напаѓа ракетните депоа и лансери на Иран

 

Франција, Германија и Велика Британија соопштија вчера дека се подготвени да ги бранат своите интереси и интересите на своите сојузници во Заливот доколку е потребно, со преземање „одбранбени мерки“ против Иран.

Лидерите на трите земји се „згрозени од неселективните и непропорционални ракетни напади што ги започна Иран против земјите во регионот, вклучително и оние кои не беа вклучени во почетните воени операции на САД и Израел“, се вели во заедничкото соопштение пренесуваат агенции.

„Неодговорните напади на Иран ги насочија нашите блиски сојузници и им се закануваат на нашиот воен персонал и на нашите цивили низ целиот регион“, се додава во соопштението.

„Го повикуваме Иран веднаш да ги запре овие неодговорни напади.

„Ќе преземеме чекори за да ги одбраниме нашите интереси и интересите на нашите сојузници во регионот, потенцијално преку овозможување на неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на способноста на Иран да испукува ракети и беспилотни летала кон нивниот извор“, се вели во соопштението.

„Се согласивме да соработуваме со САД и сојузниците во регионот по ова прашање.“

Иран започна серија ракетни и беспилотни напади врз неколку земји од Заливот, велејќи дека ги таргетира американските бази, откако беше погоден од ракетни напади на САД и Израел од саботата.

Нападите на Иран погодија мултинационална воена база во близина на Арбил во северен Ирак и камп на германската армија во источен Јордан, изјави портпарол на германската армија за АФП, потврдувајќи ги медиумските извештаи.

Стармер изјави дека го одобрил барањето на Вашингтон да ѝ дозволи на американската војска да ги користи британските воени бази на Блискиот Исток за да ги напаѓа ракетните депоа и лансери на Иран.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

To top