Македонија

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

Во организација на Министерството за локална самоуправа денес се одржа практична работилница на тема: „Презентација на постапката за поднесување барање за поддршка од општините во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините“. Работилницата беше наменета за претставници на општинската администрација, со цел нивно практично запознавање со дигиталната алатка, процедурите за поднесување барање за поддршка и начинот на евалуација на испорачаната поддршка кон општините.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, упати апел до општините активно и рационално да ги користат расположливите механизми за поддршка.

  • „Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините,“ истакна министерот Перински и додаде „Станува збор за процес што заеднички со вас ќе продолжиме да го градиме, унапредуваме и прилагодуваме, водени од вашите реални потреби и искуства од секојдневното работење“.

Тој нагласи дека Владата останува силно посветена на поддршка на општините преку инвестиции, јакнење на капацитетите и обезбедување практични алатки што ќе придонесат за поефикасна локална администрација и поквалитетни услуги за граѓаните. Министерството за локална самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на соработката со општините.

Најнови вести од: Македонија

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

(Видео): Македонија со своја „фабрика“ за производство на алатки за вештачка интелигенција

Македонските стартапи, мали и средни претпријатија, студентите и истражувачите наскоро ќе можат да развиваат сопствени решенија со вештачка интелигенција без да инвестираат во скапа инфраструктура. Тоа треба да го овозможи „Везилка“ – првата национална фабрика за вештачка интелигенција, која ќе ги поврзе домашните компании и академската заедница со европските суперкомпјутери и дигитални ресурси.

Тошковски: Интерпелацијата од Левица е обид за блокирање на борбата против криминалот!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени интерпелацијата поднесена од Левица како политички мотивиран обид за попречување на процесите за борба против криминалот и корупцијата. Интерпелацијата е на дневен ред на денешната собраниска седница, пренесе МИА. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски посочи дека станува збор за трета интерпелација против него за помалку од две години и оцени дека зад иницијативата стојат политички, а не суштински мотиви. -Левица ја најави третата интерпелација против мене за помалку од две години. Како и претходните две, и оваа беше претставена преку режирана прес-конференција, повеќе како политички настап отколку како иницијатива заснована на аргументи – наведе Тошковски.

Сајкоски: На кого му пречи што има ред во државата? Кога се разбиени 30 организирани криминални групи треба ли да се напаѓа човекот, кој ги прави нервозни криминалците?!

Ѓорѓија Сајкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната седница во Собранието ги праша пратениците од опозицијата на кого му пречи што има ред во државата, што нема проблеми со патните исправи, што се разбиени 30 организирани криминални групи, запленети се 300 проценти повеќе кокаин од она што било претходно во време на СДС.

Зорица пееше, а Заев играше како што му свиреа грчки политичари додека го распродаваше името Македонија и го обезименуваше македонскиот народ!

Што се случувало на журка во Фурка на Халкидики во 2019 година? Познатиот грчки новинар Ставрос Цимас пишува дека во летото 2019 година, тогашниот македонски премиер Зоран Заев се сретнал на вечера со претставници на новата грчка власт предводена од Кирјакос Мицотакис, која претходно силно се противеше на Преспанскиот договор и добил уверувања од грчки еврокосар дека Мицотакис нема да го оспорува договорот. Во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ Цимас открива низа малку познати детали поврзани со Зоран Заев.

To top