На патот Гевгелија-Гранична караула Богородица, полицијата доцна синоќа уапси турски државјанин, кој беше фатен како нелегално да превезува мигранти.
„На 02.03.2026 година, околу 23:00 часот, на локалниот пат Гевгелија – Гранична караула Богородица, полициски службеници од Единицата за безбедност на патниот сообраќај во Гевгелија го лишија од слобода Ф.С. (46) од Република Турција. При сообраќајна контрола, полицијата запре возило од типот „Дачија“ со албански регистарски таблички, кое го управувал осомничениот“.
„Во возилото се пронајдени петмина мигранти, од кои четворица биле од Авганистан и еден од Турција. Лицето е приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расветлување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.