Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради пожарите

Митева ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани

Владата донела одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемена појава на пожари, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката Марија Митева.

Одлуката била донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за кооринација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот и високите температури.

– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресусрси, човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението – рече Митева, додавајќи дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со цел спречување на поголеми последици.

Митева ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top